Милан не бил прв избор за Модриќ, но Хрватот добил „корпа“ од САД

Лука Модриќ ги игра своите последни натпревари за Реал. Капитенот на мадридскиот великан ќе го напушти клубот по завршувањето на Светското клупско првенство, а потоа, според најавите и очекувањата, ќе потпише договор со Милан. Американскиот спортски магазин Sports Illustrated пишува дека неговата желба била да замине во МЛС и да се приклучи на Лионел Меси, Луис Суарес, Жорди Алба, Серхио Бускетс и екипата на Интер Мајами, но бил одбиен.

Како што се наведува во текстот, Интер Мајами сака уште една ѕвезда во својот тим и три такви им биле понудени. Претставниците на Лука Модриќ, Кевин Де Брујне и Нејмар контактирале со клубот за потенцијален трансфер и сите добиле одбивање. Де Брујне ќе игра за Наполи, а Нејмар за Сантос.

Модриќ е легенда на Реал, најтрофејниот играч во историјата на клубот, со кој освои рекордни 28 трофеи и за кој одигра 594 натпревари, но го напушта по 13 години. Во септември ќе го прослави својот 40. роденден.

Фото: Принтскрин