Милан постигна договор: Ново засилување стигнува за 50 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува Скај СПорт Италија, Милан успеа да постигне договор со Атлетико Мадрид околу трансферот на Анхел Кореа.

Стручањакот за трансфери Ди Марцио напиша дена Звонимир Бобан вчера отпатувал во Мадрид за да ги усогласи деталите околу траснферот и да ја заврши работата.

Атлетико сакаше да добие 55 милиони евра за 24-годишниот Аргентинец, а Милан минатата недела понуди 45 милиони.

Сега двата клуба се нашле на средина, па Росонерите ќе платат 50 милиони евра, плус 7 милиони кои можат да дојдат како бонуси во наредната сезона.

Новиот тренер на Милан го гледа Кореа како идеален играч позади напаѓачот Пјатек. Некои играчи мораа да бидат продадени со цел да се соберат средства за овој трансфер, па така Андре Силва е на пат за Монако, а веројатно ќе биде продаден и Патрик Кутроне.

Коеа во 2015. година стигна во Атлетико од аргенински Сан Лоренцо за 7.5 милиони евра. Минатата сезона запиша 49 натпревари за овој тим и постигна пет голови.