Милан пукна „петарда“ против италијански третолигаш!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан славеше во пријателскиот натпревар против Модена со 5-0. „Росонерите“ се подготвуваат за новата сезона, па немаа милост за денешниот ривал.

Последен пат Милан и Модена играа меч во 2004 година, а конечно по долга пауза тие повторно се сретнаа и овој пат дуелот заврши со убедлива победа за „росонерите“.

Интересно е тоа што Милан сите пет гола ги постигна во првото полувреме. Во втората минута стрелаше Брахим Диаз, а на 2-0 зголеми Рафаел Леао.

Гол со глава постигна и Фикајо Томори, а потоа Раде Круниќ стрелаше за 4-0, додека конечните 5-0 ги постави Тео Ернандез.