Милан Ристовски заминува во Германија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски може да се пофали со одлични настапи сезонава во дресот на Нитра од Словачка, по што треба да се врати во Риека, која најверојатно веднаш ќе го продаде.

Интерес за младиот 22-годишен фудбалер кој постигна 11 голови сезонава постои од два германски клубови, и тоа Ерцгебирге АУЕ и Падерборн.

Хрватската екипа во моментов е во преговори со германските клубови и планира да го продаде Македонецот, а сигурно за неговиот трансфер ќе добие солидна сума на пари.