Милан, Рома и Интер застанаа против одвратната насловна страна на „Кориере дело Спорт“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемите италијански клубови огорчено реагираа на насловната страна на „Кориере дело Спорт“ со кој беше најавено утрешното дерби во Серија А меѓу Интер и Рома.

Медиумот со 100-годишна традиција на ударно место ги прикажува црномурестите фудбалери Ромелу Лукаку од Интер и Крис Смолинг и дербито го нарече „Црн петок“.

Под одвратниот наслов, и тоа во сезона кога италијанскиот фудбал има проблеми со расизмот на трибините, „Кориере дело Спорт“ додава:

„Од доаѓањето од Манчестер јунајтед во Италија станаа важни фудбалери на своите екипи и завземаа цврст став против расизмот, ѕвездите на тимовите кои се борат за Скудетото и Лигата на шампиони“, пишува медиумот.

Веднаш пристигнаа реакции од италијанските екипи, а Милан порача дека е неприфатливо да се види вакво незнаење за расизмот.

Рома, од друга страна, пишува дека никој друг не би го ставил на насловна страна освен „Кориере дело Спорт“, а Интер порача дека фудбалот е страст, култура и братство.