Милан се договори: Манџукиќ ќе потпише утре!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ утре ќе потпише договор со Милан. Тој е без клуб веќе подолго време, а се поврзуваше со многу тимови, но на крајот реши да се пресели во Милано.

Фабрицио Романо објави дека Манџукиќ утре ќе има медицински прегледи, по што ќе потпише договор со „росонерите“.

Манџукиќ последниот ангажман го имаше во Катар, односно во Ал-Духаил, но не му се допадна и реши да ја прекине соработката.

Утре треба да потпише соработка на шест месеци, а тоа ќе биде негов деветти клуб во кариерата. Во Италија веќе настапуваше за тимот на Јувентус.