Милан во голема криза: Пропадна трансферот на одличниот дефанзивец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште од самиот почеток на трансфер периодот црвената екипа од Милано се обидува да го ангажира дефанзивецот на Виљареал, Мусачио.

Вчера Адријано Галијани беше во Валенсија каде што се сретна со челните луѓе на Виљареал за да се договорат со Мусачио. После тој состанок медиумите почнаа да пишуваат дека договор нема, Виљареал ја одбил понудата за Мусачио. Со тоа приказната Мусачио – Милан е веројатно завршена.

Трансферот на Мусачио е веќе блокиран, со тоа росонерите веројатно ќе останат во преговори со Касарес и Арбелоа.

Милан летово може да пазари само доколку Карлос Бака биде продаден, и со неговите пари да се купат други играчи, но за Бака сеуште нема ништо сериозно.

Доколку Бака го напушти Милан, Галијани со неговите пари најверојатно ќе се обиде да ја засили одбраната, бидејќи Монтела изјасна најголемо незадоволство во дефанзивниот ред.