Милер до судијата: Играме против насилници и ти ми даваш жолт на мене?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен ја започна новата сезона во Лигата на шампиони со триумф од 4-0 против Атлетико Мадрид и потврди дека и сезонава ќе се бори да ја одбрани титулата од минатата сезона.

Во центар на вниманието на шпанските медиуми е напаѓачот на баварскиот гигант Томас Милер. Неговата реакција откако доби жолт картон за стартот над Трипиер е нешто за што се зборува.

Тој играчите на Атлетико наводно ги нарекол најголемите насилници во светот на фудбалот додека протестирал кај судијата Мајкл Оливер.

„Што е ова? Се шегуваш? Играме против најголемите насилници во фудбалот и ти ми даваш жолт картон за ваков прекршок“, наводно биле зборовите со кои Милер се обратил до главниот судија.

Шпанците се навредиле од овие зборови и медиумите од оваа земја многу пишуваат на оваа тема.