Милер по промашувањето против Англија: Нема да можам да спијам…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот напаѓач Томас Милер беше трагичар на Германија во поразот од Англија со 0-2 откако промаши огромна шанса при резултат 1-0 за „Гордиот Албион“.

Напаѓачот на Баерн Минхен излезе сам пред Џордан Пикфорд, но не успеа да ја затресе неговата мрежа, а сега зборуваше за неговото големо промашување.

„Некои моменти се паметат до крајот, вакви моменти те прогонуваат додека спиеш, работиш, тренираш и живееш. Имаш шанса да ја израдуваш цела држава, но боли фактот кога нема да искористиш таква шанса. Најмногу ми е жал за навивачите“, вели Милер.