Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул одигра 1-1 против Лидс и така испушти можност да се искачи на четвртата позиција во Премиерлигата.
Сепак, тоа што е главна тема во англиските медиуми е потегот на Ливерпул да се вклучи во создавањето на Суперлигата.
Иако гигантите сметаат дека тоа ќе биде одлично за фудбалот, така не мислат и фудбалерите, а сега се побуни и Џејмс Милнер од таборот на Ливерпул.
„Не ми се допаѓа идејата за Суперлига и се надевам дека никогаш нема да се реализира. Се надевам дека нема да успее нивната идеја. Веројатно голем број од фудбалерите се сложуваат со мене. Тука сме само да играме фудбал“, кажа Милнер.