Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејмс Милнер игра во Премиерлигата дури 17 години, а секогаш играл во тимови кои се големи ривали на Манчестер јунајтед, но во среда ќе навива за тимот од „Олд Трафорд“.
Милнер настапуваше за Лидс, Манчестер сити и сега за Ливерпул, па така секогаш бил на спротивната страна од Јунајтед, но сега сака да победи Јунајтед против Сити, зашто тоа ќе му одговара на Ливерпул.
„Првпат во мојот живот ќе навивам за Јунајтед. Но нема да го гледам натпреварот. Мислам дека е губење енергија да сакаш некој друг да постигнува голови. Ништо не можам да направам за тој меч“, вели Милнер.
Ливерпул и Сити водат голема трка за титулата во Премиерлигата, а во моментов „црвените“ имаат два бода повеќе, но еден меч одиграно повеќе од „граѓаните“.