Мино Рајола остана без важен клиент


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Познатиот и контроверзен фудбалски агент, Мино Рајола застапува некои од најбараните светски фудбалери.

Повеќето од неговите клиенти се задоволни со неговата работа, но постојат и такви кои не сакаат веќе соработка со него.

Еден од најдобрите играчи во Серија А, Лоренцо Исниње одлучи да се раздели со познатиот агент кој го застапуваше уште од 2018 година.

Наместо Рајола, нов агент на фудбалерот на Наполи од сега ќе биде агенцијата на Винченцо Писакане која застапува уште неколку други италијански фудбалери.