Миочиќ е крал на тешката категорија во УФЦ! (ВИДЕО)

Стипе Миочиќ ја одбрани титулата во УФЦ во тешка категорија. Тој во Лас Вегас по пет рунди одлична борба беше подобар од Даниел КОрмие со едногласна одлука на судиите и потврди дека е најдобар борец во тешка категорија во историјата.

Двајцата борци беа добри во текот на мечот, имаше добри удари во текот на сите пет рунди. Стипе покажа повеќе и на крајот судиите беа едногласни во корист на шампионот.

Големо изненадување направи Марлон Вера кој го нокаутираше фаворитот Шон О`Мејли во првата рунда.