Миовски даде гол од пенал, па прослави како Роналдо (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжи да тресе мрежи на противничките екипи во шкотската лига, откако вечерва погоди двапати против Хибернијан за водство од 2-0 на Абердин.

Миовски првиот гол го даде во судиското надополнување на првото полувреме, по голема драма, по што прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

Во вториот дел македонскиот напаѓач погоди уште еднаш, и тоа со глава во 53. минута за предност од 2-0 на Абердин.