Миовски даде нов гол за Абердин, но истиот му беше неправедно поништен! (Видео)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра одлично во дресот на Абердин, па досега постигна четири гола во четири настапи, а лесно можеше да стигне и до петтиот доколку истиот не беше поништен.

Миовски се запиша во листата на стрелци против Сент Џонстон, но само за кратко затоа што неговиот гол беше поништен поради офсајд-позиција, која не постоеше.

ВАР-технологија сè уште не се применува во Шкотска, па затоа судиите немаа можност да ја проверат ситуацијата и да му го доделат голот на македонскиот напаѓач, кој во случајов остана оштетен.