Миовски доби еден куп пофалби од легенда на Абердин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на шкотски Абердин, Френк Мекдугал имаше само пофални зборови за македонскиот напаѓач Бојан Миовски, кој постигна четири гола на четири меча за екипата.

Мекдугал кажа дека Миовски е одличен, но на Абердин му требаат уште квалитетни фудбалери ако сака да се бори за врвот во шкотскиот шампионат, каде што доминираат Селтик и Ренџерс.

„Миовски има извонреден старт, четири гола на четири натпревар е одлично. Тој си ја завршува работата, но му треба помош затоа што не може сам да ги носи победите. Потребен е нов голман и стопери, а потоа и останати квалитетни фудбалери. Со нови квалитетни засилувања Абердин би можел да врши притисок врз Селтик и Ренџерс, а не како сега да се мачи против останатите клубови“, кажа Мекдугал.