Миовски го засили Абердин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна договор со шкотскиот прволигаш Абердин и ќе потпише четиригодишна соработка со екипата, откако ќе му биде издадена работна дозвола.

Миовски минатата сезона за МТК на 29 настапи постигна девет голови, со што привлече интерес од неколку екипи, но Абердин беше најупорен во битката да го добие неговиот потпис.

„Бојан го следиме неколку месеци и ја победивме конкуренцијата за неговиот потпис. Миовски е одличен напаѓач и веќе е дел од репрезентацијата на Македонија. Задоволни сме што ќе го гледаме во нашата екипа во следните четири сезони“, велат од клубот.

Миовски неодамна постигна два гола за Македонија во победата од 4-0 против Гибралтар.