Миовски избран во тимот на колото во шкотската лига (Фото)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во второто коло од шкотската Премиерлига беше избран во идеалниот тим.

Миовски постигна два гола во победата на Абердин против Сент Мирен, а неговото издание е оценето со 8,39.

Подобар од Миовски ова коло е само 23-годишниот Жота од Селтик, но во секој случај тоа не го спречи македонскиот фудбалер да биде избран во најдобриот состав.

Абердин летово се засили со Миовски од МТК Будимпешта, а за трансферот плати 624.000 евра.