„Миовски ќе постигне 30 гола, а Абердин ќе добие многу пари од неговиот трансфер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Абердин загуби од Ренџерс со 1-2 во шкотското првенство, а гол за поразениот тим постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Миовски оваа сезона постигна вкупно 20 голови во сите натпреварувања, односно 13 погодоци во Шкотска и се наоѓа на втората позиција на листата со стрелци.

Тренерот Нил Ворнок го пофали Миовски и кажа дека до крајот на сезоната очекува да стигне до бројката од 30 голови.

„Мило ми е што никој не го купи во јануари. Очекувам Абердин да заработи многу пари од неговата продажба. Мислам дека оваа сезона ќе постигне 30 голови. Со тек на време ќе станува сè подобар“, вели Ворнок.