Миовски: Мило ми е поради дебито и голот за Абердин! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше одлично деби за Абердин, откако постигна гол од пенал, но имаше и асистенција во победата од 3-0 против Раит Роверс.

Миовски веднаш доби шанса во новиот клуб, па покажа дека ќе биде големо засилување за шкотскиот тим.

„Се подготвував сам три недели според програмата на клубот. Конечно сум тука и среќен сум што дебитирав. Возбуден сум и среќен поради мојот гол. Мило ми е што ми дозволија да го изведам пеналот, а тоа сигурно ќе ми ја зголеми самодовербата“, кажа голгетерот.