Миовски му даде два гола на Сент Мирен за 13 минути (Видео)

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра одлично против Сент Мирен, па со два гола му донесе водство на Абердин од 2-0 во второто коло од шкотската лига.

Миовски најпрво се запиша во листата на стрелци од пенал во 24. минута, а само 13 минути подоцна Македонецот погоди и по вторпат.