Миовски сака да постигне над 18 гола следната сезона!

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски има високи амбици за следната сезона, затоа што сака успех во квалификациите на Конференциската лига со Абердин, но кажа и колку голови очекува.

Миовски пристигна за 625.000 евра од унгарски МТК и се покажа како одличен трансфер за Абердин, откако постигна 18 голови минатата сезона.

Македонецот вели дека оваа сезона сака нови победи со Абердин, но и да постигне повеќе од 18 погодоци.

„Ова ќе биде моја прва сезона во Европа и тоа е предизвик. Секогаш е убаво кога играте против силни екипи. Во минатата сезона постигнав 18 голови и сакам да ја надминам таа бројка во новата сезона“, кажа Миовски.