Миовски за иднината во Абердин: Имам договор, но никогаш не се знае


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Бојан Миовски има одлична сезона со Абердин и привлече голем интерес од многу клубови кои ќе се обидат да го добијат неговиот потпис во летниот преоден рок.

Миовски има договор со Абердин на уште две години и кажа дека е среќен во Шкотска, но не е 100 отсто сигурен дека ќе остане во клубот.

„Имаме уште две години од договорот со Абердин, но во фудбалот никогаш не знаете што може да се случи. Го сакам тимот и тоа им е јасно на сите. Сезонава ќе ми биде најдобра во кариерата ако гледам индивидуално, но сакам да му помогнам на тимот да има подобри резултати“, кажа Миовски.