Миралем Пјаниќ моментално е рекордер во Серија А!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бјанконерите гостуваа кај Бреша, а до победа стигнаа после пресврт. Пјаниќ постигна гол за конечни 1-2 во средината на второто полувреме.

Босанецот постигна одличен гол од околу 20-тина метри и така стигна до својот првенец во оваа натпреварувачка сезна.

Ова му беше 10ти постигнат погодок надвор од казнениот простор од последните 11 со кој стана моментален рекордер во Серија А.

Имено, од сезоната 2016/2017 никој од везните фудалери во најсилниот ранг во италијанскиот фудбал нема постигнато повеќе голови надвор од казнениот простор од Пјаниќ.

Освен тоа тој постави рекорд кога е во прашање и оваа сезона. Тој синоќа имаше 108 успешни додавања, што досега не му успеало на ниту еден везен играч во Серија А.