Миркуловски ќе тренира бундеслигаш до крај на сезоната


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот ракометар Филип Миркуловски ќе биде тренер на бундеслигашот Вецлар до крај на сезоната.

Раководството на бундеслигашот му ја даде довербата на Миркуловски, кој заедно со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ ќе има тешка задача со Вецлар да обезбеди опстанок во Бундеслигата.

„Не може да се направат многу промени, но оваа одлука е логична. Ги познавам ракометарите на Вецлар и знам кој може да даде најмногу на теренот“, кажа Миркуловски.

Вецлар има 13 бодови и се наоѓа на 16. позиција на табелата.