Митревски без конкуренција – ја има најдобрата одбрана во ЛШ! ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот голман од редовите на Порто, Никола Митревски беше одличен во победата против Пик Сегед, а неговата интервенција беше избрана за најдобра за четврото коло во Лигата на шампиони.

Митревски е на првата позиција, а во топ-5 имаше место уште и за одбраните на Волф, Мелер, Фрајс и Вујовиќ.

Да потсетиме, Митревски запиша 15 одбрани од 32 удари кон неговиот гол на мечот за Порто.