Митревски блесна на голот – седум одбрани за нова победа на Порто


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Порто запиша уште една победа во Португалија, и тоа против Белененсес со 45-27, а македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски повторно имаше одличен настап.

Победникот беше познат уште по првите 30 минути, кога Порто водеше со 25-17, па шансите за пресврт до крајот беа еднакви на чудо, кое сепак не се случи.

Митревски одбрани седум удари од 17, па така му помогна на Порто да запише нов триумф во домашниот шампионат.

Во моментов екипата на Митревски се наоѓа на втората позиција во лигата со 55 бодови, а пред нив е Спортинг со 58.