Митревски е најдобар голман во групната фаза на СЕХА-лигата (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Никола Митревски имаше одличен настап во групната фаза во регионалната СЕХА-лига, а тоа го покажуваат и статистичките податоци од натпреварувањето.

Митревски по завршувањето на групната фаза има 89 одбрани, а тоа е повеќе од сите останати голмани, а може да кажеме дека неговите одлични настапи и важни интервенции му донесоа пласман во нокаут-фазата на Еурофарм Работник.

Исто така, тоа е добра вест и за македонската ракометна репрезентација, како и селекторот Данило Брестовац, зашто на голот за Европското првенство (ЕП) во 2020 година ќе има уште еден стабилен голман меѓу стативите.