Митревски му одбрани зицер на Дибиров (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Порто славеше со 28-26 против ППД Загреб во Лигата на шампиони (ЛШ), а македонскиот голман Никола Митревски беше одличен меѓу стативите на португалскиот тим.

Митревски го заврши натпреварот со 13 интервенции, а една од нив беше неверојатна бидејќи му одбрани зицер на поранешниот вардарец, Тимур Дибиров.

Дибиров тргна во контра-напад и излезе еден на еден пред Митревски, но македонскиот голман одлично го одбрани ударот на Русинот.