Митревски на спектакуларен начин одбрани цепелин на Целје (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Никола Митревски беше одличен во победата на Порто од 32-30 против Целје во Лигата на шампиони (ЛШ).

Митревски запиша 14 интервенции на натпреварот, а една од нив беше неверојатна бидејќи запре атрактивен цепелин на ривалите.

„Ќе беше прекрасен гол, но Митревски имаше други планови“, објави ЕХФ на официјалната страна.