Митревски оди за Дебрецин, има шанса да брани против Црна Гора!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Никола Митревски беше негативен и на последниот тест кој го направи во Македонија, па сега замина кон Дебрецин каде што би можел да заигра против Црна Гора.

Митревски не настапи против Словенија (25-27) во првиот натпревар на Европското првенство (ЕП), но во претходните денови направи три антиген и еден ПЦР-тест и сите биле негативни.

По пристигнувањето во Дебрецин, Митревски треба да направи нов тест, а ако и на тој е негативен, тогаш најверојатно ќе добие дозвола да брани против Црна Гора.

Натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора се игра утре од 18 часот.