Митревски: Одигравме лошо во одбрана, мора да се подготвиме добро за Австрија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонските ракометари беа изненадени од Чешка со 25-27 во второто коло на Европското првенство (ЕП), по што на нашата репрезентација ќе ѝ треба победа против Австрија во последното коло.

Како што кажа и левиот бек Филип Талески само капитенот Кире Лазаров беше на висина на задачата, а одбраната не беше баш најдобра, што призна и голманот Никола Митревски, кој запиша само една интервенција.

„Игравме лошо во одбрана и нивниот голман го реши мечот. Имаме два дена да се подготвиме за мечот против Австрија, која не е премногу силна репрезентација“, порача Митревски.