Митровиќ ќе биде нов напаѓач на Челси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот напаѓач Александар Митровиќ игра одлично во дресот на Фулам, а тоа предизвика шпекулации дека на лето би можел да го засили лондонскиот гигант Челси.

Челси има сериозни проблеми во нападот, а наводно Митровиќ ќе биде изборот на раководството на премиерлигашот, кое е подготвено да плати 30 милиони евра за неговите услуги.

„Сините“ играат очајно под водство на тренерот Грем Потер, а повеќе од јасно е дека им е потребен класичен напаѓач затоа што цел месец немаат постигнато гол.

Изборот паднал на Митровиќ, иако сè уште е рано да се каже било што затоа што Челси ја разгледува и можноста да го купи Виктор Осимен од Наполи, но за неговите услуги ќе мора да плати дури 150 милиони евра.