Митровиќ во „тесно“: Ал Хилал се премислил?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Александар Митровиќ си создаде проблеми во Фулам затоа што почна штрајк откако не му беше исполнета желбата да замине во Саудиска Арабија.

Тренерот Марко Силва кажа дека Србинот не тренира со останатите соиграчи, откако Митровиќ се закани дека нема да го облече дресот на лондонскиот тим зашто не му дозволува да се пресели во Ал Хилал.

Митровиќ постигна договор со Ал Хилал, но екипата од С. Арабија се премисли поради тешките преговори со Фулам и реши да го ангажира Јусен Ен Незири.

Ен Незири ќе потпише тригодишен договор со плата од 10 милиони евра, односно помала сума од таа што му се нудеше на Митровиќ.