Млада ѕвезда на Реал Мадрид била избркана поради караница со синот на Зидан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид и оваа сезона ќе се обиде да ја одбрани титулата во шпанската Ла Лига, иако мора да ги скратат нивните трошоци поради економската криза со која се соочуваат сите клубови. Сепак, шпански „Ел Конфиденсијал“ откри дека еден фудбалер на шпанскиот гигант си заминал поради караница со синот на тренерот Зинедин Зидан.

Левиот бек Серхио Регилон морал да го напушти тимот од Мадрид поради караницата со младиот голман Лука Зидан, кој сезонава замина на позајмица во Рајо Валјекано.

Регилон минатото лето беше продаден по само 22 настапи за првиот тим на Реал, иако на позајмица во Севиља беше фантастичен, а добро се покажа и во Тотенхем, за кој досега асистираше три пати, а одигра седум натпревари.