Младата ѕвезда лута, не сака да се прости од деветката

На Французинот не му се допадна тоа што бројот му го зеде Златан Ибрахимовиќ.

Ентони Марсијал експлодираше во Јунајтед минатата сезона, многу се чудеа кога Ван Гал го плати 50 милиони, а Французинот покажа зошто е толку платен.

Од доаѓањето го носеше бројот 9 на грбот, а неговиот дрес беше еден од најпродаваните во светот.

Сега деветката му е одземена, го доби бројот 11, а Ибра ќе го земе неговиот број.

Тој не е задоволен со промената, а незадоволството го искажа на Фејзбук профилот каде постави фотографија на која бројот 9 е во центарот на вниманието.