Модел на Викторија Сикрет освои златен медал на ЗОИ во Пекинг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скијачката Ајлин Гу, која привлече големо внимание уште пред почетокот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, го оствари својот сон и го освои златниот медал.

Ајлин е модел на Викторија Сикрет, а на ЗОИ настапува под знамето на Кина, иако е родена во САД, па успеа да слави пред конкуренцијата во слободно скијање.

„Ова е најдобриот момент во мојот живот. Најсреќен ден. Не можам да верувам дека ова се случи. Чувствувам како да испратив порака до светот. Ова беше моја најголема цел. Благодарна сум на шансата што можам да бидам тука“, кажа Ајлин.

Иако има само 18 години, сепак таа успеа да добие моќни спонзорски договори од познати брендови, кои ѝ носат заработка од 14 милиони евра годишно.