Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ не блеска во дресот на Реал Мадрид по враќањето од Мундијалот во Катар, па мала е веројатноста дека ќе добие понуда за продолжување на соработката.
Модриќ, сепак, не треба да се грижи за иднината бидејќи за неговите услуги е заинтересиран Ал Наср од Саудиска Арабија кој му нуди неверојатна плата.
Хрватот, наводно, добил понуда за договор до јуни 2025 година и ќе заработи вкупно 100 милиони евра, односно 40 милиони евра по сезона.
Ал Наср неодамна потпиша договор со Кристијано Роналдо, па сега сака уште една ѕвезда, а Модриќ делува како идеално засилување за клубот од Саудиска Арабија.