Модриќ малку зборува, но овој пат ги замолче критичарите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид освои две титули минатата сезона, и тоа во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), каде што во четвртфиналето и полуфиналето до самиот крај беа пред елиминација.,

Прво во осминафиналето го совладаа ПСЖ, откако загубија со 0-1 во Париз, а губеа и во Мадрид, но сепак потоа Карим Бензема го реши мечот.

Потоа Реал славеше и во Лондон против Челси, кој се врати во игра во Мадрид и во драматична завршница „кралевите“ преживеаа.

Најголема драма беше во реваншот од мечот против Манчестер сити, кој имаше сè во свои раце, но остана без финале.

Поради сите пресврти многумина сметаа дека Реал имал среќа, но сега се јави Лука Модриќ, кој ги замолче критичарите.

„Го елиминиравме шампионот на Франција, па на Европа и на крајот на Англија. Па потоа ни велат имаме среќа, не ве разбирам…“, кажа Модриќ.