Модриќ: Не сакам да правам проблеми, ќе размислам и ќе седнам на маса со Перез…


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


„Марка“ синоќа објави големо интервју во кое Лука Модриќ зборуваше за неговата иднина, но и за многу други теми.

Хрватскиот капитен и добитник на „Златната топка“ пред две години зборуваше за многу теми, за Реал, репрезентацијата, своите почетоци…

„Важно е тоа што победивме во минатото коло. Беше тешко, но трите бода се најважни. Од четири меча имаме десет бодови и тоа е добро. Вистина, не играме најубав фудбал, но само што почнавме“, вели Модриќ на прашањето на самиот почеток.

Модриќ вели дека сака да остане во шпанскиот шампион, но свесен е дека тоа не зависи само од него.

„Сакам да останам во Мадрид, но не зависи од мене, туку од клубот. се чувствувам добро и можам да играм на врвно ниво. Сакам да останам, но не сакам да му правам проблеми на тренерот и на Реал. Имаме фантастичен однос, треба да размислам, ќе седнам на маса со Флорентино Перез и заедно ќе решиме“, кажа Модриќ.

Цело интервју може да се прочита на официјалниот сајт на „Марка“.