Модриќ со емотивна порака се збогуваше од Касемиро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Касемиро по долги години поминати во Реал Мадрид реши дека е време за нов предизвик, па поради тоа ќе се пресели во Манчестер јунајтед, откако ќе ги помине медицинските прегледи.

Реал Мадрид за неговиот трансфер ќе добие 60 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, а фудбалерот ќе добие двојно поголема плата од таа во „кралевите“, односно 18 милиони евра годишно.

Лука Модриќ со емотивна порака преку социјалните мрежи се збогуваше од неговиот доскорешен соиграч во Мадрид.

„Драг Кесе, и денес се сеќавам на твоето деби за нашиот тим. Беше многу нервозен, а јас те молев да се смириш., сега се потсетив и гледам како испадна и што постигна. Тоа беше и моја прва сезона, никој од нас не можеше да замисли што ќе постигнеме. Стана вистински лидер во тимот. Многу работи постигнавме заедно и ќе ги чувам спомените. Посебно моментите кога се шегуваше, зашто секогаш беше добро расположен. Ми недостигаш, но ти посакувам сè најдобро“, напиша Модриќ.