Модриќ стана најтрофеен фудбалер во историјата на Реал Мадрид


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ испиша историја со освојувањето на европскиот Суперкуп, откако Реал Мадрид славеше со 2-0 против Аталанта.

Модриќ ќе го памети уште долго овој успех затоа што стана најтрофеен фудбалер во историјата на „кралевите“.

Хрватот досега одигра 535 меча за Реал Мадрид, а притоа постигна 39 голови и 86 асистенции, а воедно освои 27 пехари.