Модриќ стана рекордер на Хрватска и се расплака 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ стана рекордер по број на настапи во националниот тим, откако синоќа во победата против Кипар од 1-0 го одигра 135 меч за репрезентацијата и така го надмина Дарио Срна.

Модриќ мина 15 години во репрезентацијата, а притоа се променија шест селектори и тој настапи на шест големи натпреварувања, а може да се пофали со второ место на Светското првенство, награда за најдобар играч, како и други награди.

Хрватскиот фудбалски сојуз по мечот му подготви изненадување во вид на видео-прилог, по што доби и овации, а тој не можеше да ги задржи солзите.