Модриќ треба да замине од Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид со години, а наскоро требаше да потпише и нов договор, меѓутоа не се согласуваат сите со таа идеја.

Еден од нив е поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути кој ги коментираше случувањата во клубот и кризата со која се соочуваат „кралевите“.

„Мислам дека Модриќ треба да замине од Реал Мадрид. Тој ќе ја загуби сериозната улога во екипата следната сезона и нема да му треба на клубот. Не знам што ќе се случи со Белингам или Реал ќе ангажира друго засилување, но Модриќ мора да замине“, кажа Гути.