„Моја најголема желба е да ја завршам кариерата во Милан“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан летово се раздели со Џанлуиџи Донарума и Хакан Чалханоглу, кои си заминаа како слободни фудбалери, но има и такви кои не сакаат да го напуштат италијанскиот тим.

Франк Кеси има договор со Милан до 2022 година, но фудбалерот за врска нема намера да го напушти тимот и најави дека ќе потпише нов договор.

„Горд сум што потпишав за Милан и немам намера да си заминам од тимот. Сакам да играм до крајот на кариерата во Милан. Кога ќе се вратам од Олимписки игри ќе потпишам нов договор со тимот“, вели Кеси.

Кеси пристигна во Милан во 2017 година од екипата на Аталанта и стана еден од најважните играчи на „росонерите“.