Мојсовски: Македонија има сѐ потребно за да нѐ направи горди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија се пласираше на Светското првенство (СП) 2023 откако вчера славеше во СЦ „Борис Трајковски“ со 27-25 против Чешка.

Поранешниот македонскиот ракометар и сегашен директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС), Наумче Мојсовски им го честиташе успехот на ракометарите.

„Браво за нашите македонски ракометари!

Извонредна игра со која Македонија ја носат на светско првенство!

Ова е огромен успех за сите!

Тимска работа, посветеност и љубов!

Нашата репрезентација има сѐ што е потребно за да не прави горди!“, напиша Мојсовски.