Моќ на триото МСН – Барса пробуваше и падна дури ПЕТ пати! Кој ќе го засили нападот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Звучи неверојатно, но Барселона во ова лето пропушти да доведе дури петмина напаѓачи како потпора за триото МСН.

Луис Енрике можеше јасно да види што е голем проблем во минатата сезона. После што Педро Родригез отиде во Челси, Луис Енрике после Меси, Суарез и Нејмар, може да смета на далеку послабите Мунир и Сандро.

Во ова лето, целта беше јасна – да доведат напаѓач кој ќе направи здрава конкуренција и да може да излезе и да ја потполни дупката доколку еден член од убиственото три не биде спремен.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Лучиано Вието, кој се споменуваше како најголема желба на Луис Енрике, е на чекор од премин во Севиља.

Звучи неверојатно, но тоа е дури ПЕТТИ неуспешен обид во ова лето за Барселона да ја засили својата напаѓачка линија. Пред Вието, на мета беа Хатем Бен Арфа, кој го засили ПСЖ, Осман Дембеле (Борусија Дортмунд), Нолито (Манчестер Сити), Габриел Жесус (истотака блиску до Сити).

Во ова лето, десетина имиња беа поврзувани со премин во Барса, како што покажува списокот половина од нив, Каталонците не успееја кај тие играчи кои најмногу ги сакаа, па сега мораат да се свртат кон нови алтернативи.

Во првиот ред и понатака е Кевин Гамеиро, но и тој е многу блиску да се придружи на овие петмина од горе, поради тоа што може да го засили Атлетико Мадрид.

Севиља за него бара 40 милиони евра, Барса ги нема тие пари за четврт напаѓач, додека Атлетико сака да го искористи фактот дека Вието отиде во спротивна насока и цената да ја намали.

Од денес на листата на напаѓачот на Милан Карлос Бака, кој има искуство во играње во Примера поради тоа што играше со многу успех во Севиља. Барса за него мора да издвои 30 милиони евра, што е истотака многу за играч од 30 години.

Трет кандидат е Робин Ван Перси, кој е најефективен, но и најстар. Холанѓанецот во оваа година полни 33 години, а неговата пазарна вредност е околу пет милиони евра. Тој без проблеми би прифатил сезона или две да помине како резерва на триото МСН со цел до крајот на кариерата уште еднаш да заигра на големата сцена.

Четврти и најслаб кандидат е Лукас Перез, 27-годишниот напаѓач на Депортиво од Ла Коруња, кој и понатака се надева дека може да добие повик од Каталонците после една одлична сезона.

Каталонските медиуми денеска пренесоа дека нови имиња на листата се Ајозе Перез од Њукасл, Санти Мина од Валенсија и голгетерот на Лион Александре Лаказет, кој може да биде одлично решение, но тој може да бира клуб каде што ќе биде прв шпиц, а притоа Лион за него бара 50 милиони евра.

Значи, петмина отпаднаа, дали еден од преостанатите на листата е адекватно решние за силување на нападот на Барселона?!