Моќните Бразилци ги „скршија“ Парагвајците дури после пенали


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Бразил се пласираше во полуфиналето на Копа Америка откако ја поразија репрезентацијата на Парагвај во 1/4 финалето.

Популарните Кариоки важат за прв фаворит на овој турнир, а многумина сметаат дена одамна немале играно ваков убав, добар и ефикасен фудбал.

Сепак, таа ефикасност во играта баш и не ја видовме на дело, иако треба да се признае дека Бразилците беа доста подобри на теренот, но победата ја обезбедија после пенали.

Бразилците не дозволија изненадување при шутирањето на пеналите и славеа со 4-3.

Противник ќе им биде подобриот од мечот Аргентина – Венецуела.