Молк на „Олимпико“: Лацио водеше, па Милан со пресврт го освои Рим (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан на „Олимпико“ во 34. коло од италијанската Серија А го совлада Лацио со 2-1, а херој беше Сандро Тонали кој постигна гол за победа во третата минута од судиското надополнување.

Лацио одлично го отвори мечот и погоди во четвртата минута преку Чиро Имобиле, а нивната радост траеше до 50. минута, кога Жиру израмни на 1-1.

До крајот на мечот доминираа гостите од Милано, па заслужено во 93. минута преку Тонали постигнаа и втор гол за победа од 2-1.

Милан со овие три бода ја продолжи трката со градскиот ривал Интер за Скудетото.