„Морати ми нудеше 250 милиони евра за да го купи Меси“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жоан Лапорта ќе се бори за претседателската позиција во Барселона, каде што беше во период од 2003 до 2010 година, а откри што се случувало во неговиот претходен мандат.

Лапорта откри дека во 2006 година добил понуда вредна 250 милиони евра за Лионел Меси, и тоа од Масимо Морати, кој беше претседател на Интер, но не ја прифатил понудата.

„Морати во 2006 година дојде кај мене во канцеларија и ми понуди 250 милиони евра за Меси, мојот одговор беше негативен. Не сакав да преговарам за Лео“, кажа Лапорта.